Зависно паркирање
Овој тип на паркинг системи претставува буџетно и ефикасно решение за двојно паркирање. Погоден е за внатрешни простори, како подземни или покриени паркинзи, како и за надворешни – делумно заштитени или целосно изложени на временските услови.
Зависно паркирање со хоризонтална основа
Моделот овозможува паркирање на две возила едно над друго, при што долното возило се поставува директно на подната плоча и истото мора да се извади пред спуштањето на платформата. Пристапот до горната платформа е хоризонтален.
Системот има товарен капацитет прилагоден за лесни и потешки седани, SUV возила и компактни минибуси. Конструкцијата е флексибилна и по потреба може да се демонтира и премести на нова локација.
Зависно паркирање со наклонета платформа
Моделот овозможува паркирање на две возила едно над друго, при што долното возило се поставува директно на подната плоча и истото мора да се извади пред спуштање на платформата. Наклонетата горна платформа ја намалува вкупната висина на системот, што го прави идеален за простории со пониски тавани, а аголот на преклопување може да се прилагоди според потребите. Горното возило може да се паркира во која било насока, додека долното секогаш се поставува напред. Системот е погоден за седани со капацитет до 2000 кг. и состои од независни модули кои лесно можат да се преместуваат по потреба.


