Независно паркирање
Овој тип на паркинг системи овозможува независно паркирање на возилата, при што секое возило може да се паркира без да се поместува друго. Оваа функционалност го прави идеален избор за системи со две или повеќе нивоа, со независен влез и излез за секое возило. Решенијата се погодни за монтажа и во подземни гаражи, и на отворен простор.
Паркинг со ‘потонување’ во земја
Овој модел претставува систем за независно паркирање со „потонување“ на долните возила под земја кога има потреба од извлекување на паркираните возила на горните нивоа. Пристапот до системот секогаш е од нивото на паркингот, а за подземните нивоа однапред се изведуваат соодветни шахти со минимална длабочина од 170 см.
Овој модел овозможува сместување на две возила на простор предвиден за едно и бара трофазно електрично напојување.
Пазел системи
Пазел паркинзите се практично решение за независно паркирање на голем број возила. Системите можат да бидат на 2 или 3 нивоа, со или без „потонување“ во земја.
На место предвидено за три возила се обезбедуваат пет независни паркинг места. При влез и излез зоната за движење останува слободна и нема елементи кои излегуваат на улица и го попречуваат паркирањето или вадењето на автомобилот.
Пазел системите можат да се инсталираат на отворено како самостојни конструкции или во подземни гаражи за двојно зголемување на бројот на паркинг места. Монтажа е брза и лесна, со минимални конструктивни елементи. Системот е погоден и за стандардни седани и SUV возила.
Паркирање на едно ниво со разместување
Моделот овозможува максимално искористување на просторот преку хоризонтално поместување на возилата. Системот овозможува паркирање на возила и зад столбови. Зоните за маневрирање се оптимизирани, без да се попречува пристапот до другите паркинг места. Моделот е погоден за монтажа како и на затворено, така и на отворен простор.



